НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Идното финансирање на УНРВА ќе зависи од истрагата за вмешаност на нејзини припадници во нападите на Хамас врз Израел

0
By Marija Todorovska on January 29, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија денеска соопшти дека своите следните одлуки за финансирање на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) ќе ги донесе врз основа на резултатите од истрагата по обвиненијата за вмешаност на членови на нејзиниот персонал во нападите на Хамас врз Израел во октомври минатата година.

– Во моментов, не е предвидено дополнително финансирање на УНРВА до крајот на февруари. Европската комисија ќе ги носи следните одлуки за финансирање на УНРВА во светлина на многу сериозните наводи изнесени на 24 јануари во врска со вмешаност на персоналот на УНРВА во грозоморните напади на 7 октомври, се наведува во соопштението на Европската комисија, по најавите на неколку држави, вклучително и членки на ЕУ, за прекин на финансирањето на УНРВА поради ваквите обвиненија.

Еврокомисијата посочува дека ќе го разгледа случајот врз основа на резултатите од истрагата најавена од ОН и активностите што ќе бидат преземени.

– Комисијата ги поздравува информациите дадени од УНРВА, како и започнувањето на истрагата и

очекува УНРВА да се согласи да се изврши ревизија што ќе ја спроведуваат независни надворешни експерти назначени од ЕУ, фокусирајќи се конкретно на контролните системи потребни за да се спречи можното вклучување на нејзиниот персонал во терористички активности. Исто така, очекува зајакнување на Одделот за внатрешни истраги на УНРВА, кој е клучен во овој поглед, се додава во соопштението.

Според Еврокомисијата, треба да се започне и со проверка на сите членови на персоналот на УНРВА што е можно поскоро, за да се потврди дека тие не учествувале во нападите.

Во соопштението се потенцира и дека Европската Унија е еден од најголемите донатори на хуманитарна и развојна помош за Палестинците во Газа и на Западниот Брег и дека таа поддршка ќе продолжи со несмалено темпо преку партнерските организации.

газа Европска комисија УНРВА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.