Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успешен почеток на платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“ со два музички настани

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2024 13:12

Викендов, Скопје беше во фокусот на младите и нивната култура преку два музички настани, кои го одбележаа почетокот на активностите на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во центарот на Скопје беше „окупиран“ со млада и повозрасна публика, заинтересирана за културната содржина креирана од два исклучително млади музички колективи.

На сцената во Лаб кафе се претстави младиот и надежен средношколски бенд од гимназијата Никола Карев – „Црно Собрание“. Бендот е активен од 2022 година и досега има едно регионално претставување во Белград, на регионалната смотра на средношколски бендови „БГ Инвазија”. Со еднакво присутни и активни членови на девојчиња и момчиња, со голема љубов кон музиката, бендот изведе неколку познати песни од познати македонски рок состави. Како изненадување за публиката, Црно Собрание отсвири и неколку нови авторски остварувања со што ја покажа својата амбиција за понатамошен музички развој. Преполниот Лаб Кафе со разиграна публика, само го потврди интересот и поддршката за „Црно Собрание“ и нивната работа. Платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ ја препознава оваа млада инцијатива како значајно музичко средношколско движење и ќе го поддржи натамошниот развој на „Црно Собрание“ и други слични инцијативи. Оттаму, едно од активностите што ќе следат е и издавање на нивен албум во живо за ПМГ Рекордингс, од концертот со кој настапија на отворањето на платформата.

Вториот настан го претстави ОВЦ Колективот (OVC Kolektiv), најмладото прогресивно електронско музичко движење во земјата. Преку креирање на простор за нивна презентација и промоција во форма на различни клупски настани, колективот ги става во фокус младите локални диџеи во развој.  СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е платформа која ја препознава оваа прогресивна заедница на млади електронски музичари, менаџери и аудио-визуелни уметници и во соработка со неа, креираше нов простор за креативно изразување и промоција. Пет часовниот денски рејв реализиран под името „New Comers Day Rave“, привлече масовна млада публика и љубители на хард-грув и индустријал техно звукот. Настанот претстави четири исклучително млади и талентирани диџеи. Хангарот во „Лабораториум“ како совршен постиндустриски простор, придонесе во создавање вистинска рејв атмосфера од светски карактер, подеднакво добра како онаа на сцените во Берлин, Лондон… Со тоа само уште еднаш се потврди дека Скопје и Македонија имаат прогресивна младина во континуитет. Младина свесна за културата и јавниот простор во кој таа се креира и дека овој тип движења и колективи треба да имаат свое препознавање и континуирана поддршка.

 

 

култура музички настани Силата ЕУ младите Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.