Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Година на проекти на кои не им се гледа крајот, ама ни почетокот

0
By Менче Атанасова Точи on January 1, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 1, 2015 14:34

Годината што измина беше динамична и возбудлива, преполна со настани и проекти кои се сервираа по неколку на ден, а најактивен беше ресорот здравство.

Листерија, ебола, жолтица, морбили, западно-нилска треска. Вака изгледаше годината во која во фокусот на вниманието беа болестите со кои максимално се ширеше страв и паника кај граѓаните. Ако до скоро сипаниците , жолтицата, па и листеријата не се ни спомнувале како проблем бидејќи секогаш ги имало, годинава тие беа тема број еден и тоа во време кога имаше други актуелни работи и настани.

За листеријата од која за волја на вистината починаа пет луѓе, (иако имало заболени преку цела година)дури се најде и виновникот пред тоа да го докажат анализите. Случајот се затвори со констатација дека сите јаделе свински врат од иста фирма иако претходно беше кажано дека го конзумирале само двајца. Потоа следуваше претстава во неколку чина. Ги видовме и професионалците како клечат и се смешкаат пред министерот во чии изрази на лица не можеше да се сокрие грчот од клечењето без разлика на насмевките пред камерите. Луѓето пак, останаа револтирани во целиот хаос поради различните ставови и незнаење на оние на кои треба најмногу да им веруваме.

Потоа ни најавија смртен случај на ебола за кој во ресорното Министерството рекоа дека не биле баш сигурни дека починал од смртоносната болест. Не беа сигурни, а прес конференции се одржуваа во континуитет по 2-3 на ден. Откако во странска лабораторија се утврди дека во Македонија нема ебола, заборавија на британецот, воопшто и не соопштија од што починал. Да, ама новинарите немаат краток ум, паметат се.

Надлежните во Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести заборавија кај почнале, а кај застанале. И така ја кренаа на нозе и британската јавност, дури и цела Европа. За македонските граѓани да не зборуваме.

Набргу потоа, министерот Тодоров најави 36 центри за лекување од депресија. Во секој Центар по еден психијатар, од постоечките во амбулантите, се разбира. И така ќе се лекува нацијата од депресија. Се проект, до проект.

Но, затоа пак, за првиот човек во здравството инсулинска криза немаше. Сите ја видоа, само тој не. Околу 10 000 пациенти останаа без неопходниот инсулин. Дијабетичарите побараа и оставка од министерот. Но, Тодоров не попушти, не дозволи ниту итен увоз, а пациентите инсулинот го добија од донација.

Оваа 2014-та година за новинарите кои го следат овој ресор беше особено напорна поради многу настани, проекти, идеи кои веќе утредента остануваа заборавени. Барем повеќето од нив. Дела на кои не им се гледа крајот, а богами ни почетокот.

Но, да не должам и да не ве оптоварувам во овие празнични денови со нашето здравство, иако тоа игра голема улога во нашето живуркање. Само ќе потсетам уште на електронскиот систем Мој термин кој постојано колабира, на хаосот што се прави во амбулантите и болниците. Наместо, да се надгради системот за да се подобрат работите, надлежните на секои 3-4 дена не бомбардираат со информации колку милиони упати и рецепти биле издадени, колку граѓани се јавиле на Ало докторе. Кого го интересира тоа?

Тоа што болниците се до гуша во долгови со блокирани сметки никогаш не се кажува. Што се откачуваат или не работат лифтови, што пациенти сами си купуваат лекови во болниците, што новата медицинска опрема се распаѓа по подрумите зашто нема кој да работи со неа, што докторите масовно заминуваат во странство, никогаш не било тема на прес конференција. А, зошто? Фер ли е да се крие вистината од сопствените граѓани? Тоа се оние истите оние граѓани кои бараат само достоинствено да се лекуваат. А, довербата е достонството не одеа рамо до рамо оваа измината година. Затоа, Среќна и подостоинствена Нова 2015-та!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.