Екстремните левичари, групата Револуционерен народноослободителен фронт ја презеде одговорноста за неодамнешниот напад на полицијата во близина на седиштето на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Оваа група стои и зад самоубиствениот напад на американската амбасада минатата година.
Според соопштението објавено на Интернет, групата презема одговорност објаснувајќи дека нападот е извршен против владејачката партија АКП за убиството на 15-годишниот Беркин Елван, кој почина во март минатата година. Според нив, виновен за смртта на момчето е лично Ердоган.
Турската полиција вчера уапси едно лице кое фрлило гранати и испукало неколку куршуми кон палатата Долмабахче, каде се наоѓа резиденцијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу во Истанбул, меѓутоа експлозивот не се активирал.




