Неколку илјади Унгарци вчерa протестираа на улиците на главниот град Будимпешта против владата на премиерот Виктор Орбан предупредувајќи на погубноста на политичките елити, пренесува АФП.
Учесниците на протестот се залагаа за почитувањето на демократските вредности, обвинувајќи ја владата за отстапување од принципите на рамнотежа и транспарентност, пренесува Reuters. „Сметаме дека демократијата е под сериозен удар“, изјави за агенцијата една учесничка на протестот, наставничката Жужа Верес. Демонстрантите не се чувствуваат себеси за блиски или поддржувачи на опозициските партии и движења, истакнува агенцијата.
Според AFP, меѓу демонстрантите биле и противници на обновувањето на односите меѓу Унгарија и Русија и оддалечување на Будимпешта од Западот. Еден од демонстрантите изјавил дека го загрижува тоа што владата на премиерот Виктор Орбан „ја изложува Унгарија на руското влијание“ и го навел примерот на заемот од 10 милијарди евра кој Русија ѝ го даде на Унгарија за проширување на капацитетите на нејзините нуклеарни централи.




