Published: Saturday, January 3, 2015 12:42
Девојче на возраст од седум години во петокот вечерта по американско време преживеало авионска несреќа во една од шумите во Кентаки, САД. Во малиот авион покрај девојчето имало уште четворица кои не го преживеале падот на леталото, а меѓу нив биле и нејзините родители.
Се верува дека покрај пилотот, со ова семејство летала и бебиситерката. Никој не го чул рушењето на авионот бидејќи паднал во шума близу викенд-населба во која речиси и да немало гости.
Како што јавуваат американските медиуми девојчето поминало без поголеми повреди и вечерта преку шумата боса изодела повеќе од еден километар се додека не дошла до куќата на еден 71-годишен човек.
Чукнала на неговата врата, раскажала што се случило и тој веднаш ја информирал полицијата.




