НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Халити од ромската фондација за Европа: Сето она што колективно го правиме за Ромите треба да биде добро и за Македонија, треба да биде добро и за Западен Балкан, а треба да биде добро и за Европа

0
By Marta Pesevska on February 4, 2024 ПОЛИТИКА
Менсур Халити, основач на Фондацијата Ромите за демократија на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Горд сум поради можноста да зборувам во име на Фондацијата „Роми за демократија“ која е дел од многу поголема трансевропска фондација која се вика „Роми за Европа“ и која ја предводи Жељко Јовановиќ, кој испрати порака за поддршка дека тоа што сите ние колективно го правиме за Ромите треба да биде добро и за Македонија, треба да биде добро и за Западен Балкан, а треба да биде добро и за Европа“, изјави Менсур Халити, основач на Фондацијата Ромите за демократија на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Тој додаде дека неговото прво доаѓање во нашата земја било пред 15 години со цел да разговара со сите политички лидери, со граѓанскиот сектор, со медиумите, со претставници на меѓународните заедници по прашањето што може повеќе да се направи за да се обезбеди и заштити ромскиот глас, да биде слободен, да може да ги избере претставниците во кои е убеден, претставници во кои има доверба.

„Тогаш надежите не беа големи затоа што тогашната парадигма беше ромска стратегија, ромски планови, акциони планови и буџети… имаше малку волја и надеж и оптимизам да се оди во правец кој е поинаков за сите нас. Јас, Жељко и многу други луѓе кои се од Македонија и Балконот решивме да не кренеме раце од она што ни се чинише како длабоко уверение дека тоа што ние тоа што треба да го направите треба да биде добро за Ромите, треба да биде добро за државите во кои живееме, ама треба да биде добро и за Европа. Како сето ова е можно во денешен контекст? Многу е тешко, денес Западниот Балкан е многу понебезбеден, и денес Западниот Балкан е многу потежок за живот, посебно за нашите луѓе, од причини кои сите ги знаете како историски неправди и историско исклучување, живеат диспропорционално во најтешка позиција. Од објективна гледна точка, ќе објаснам зошто настанот го носи ова име. Целиот Западен Балкан се соочува со предизвикот на зачувување на внатрешен мир и единство и заеднички просперитет кон својот стратешки пат кон ЕУ. Од друга страна има сериозни, комплексни предизвици како во Европа која се дестабилизира, во која има растечка екстремна десница и популисти да задржи единство на тој пат и од трета страна имате влијание на глобална криза предизвикана од војната во Украина, Газа и Јемен кој директно влијаат врз Европа, а индиректно на Западен Балкан. Да ја заштити својата политичка стабилност и економска стабилност во тој контекст“, посочи Халити.

Тој дополни дека многу Роми сфаќаат дека чекањето на ЕУ и чекањето на националната влада не е доволно и дека самите мора да направат нешто поразлично за да видат поразлична иднина и дека овој настан е најдобра илустрација за тоа.

„Сфативме дека граѓанската изолација од граѓанскиот сектор, политичкиот сектор, или меѓународната заедница нема да помогне за системските проблеми кои ги имаат Ромите и треба да се движат многу побрзо и посилно за да можеме да видиме некој прогрес. Да не ни заминуваат луѓето од Западен Балкан кој веќе има сериозни проблеми во демографски промени“, заклучи Халити.

Западен Балкан Ромите Халити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.