НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирана Интерпартиска парламентарна група за права на еднородителски семејства и самохрани родители

0
By Ана Василевска on February 5, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа консултативна средба, каде се изврши основање и промовирање на Интерпартиска парламентарна група (ИППГ) за правата на еднородителските семејства и самохрани родители, информираат попладнево од собраниската прес-служба.

– Ова тело во Собранието ќе се ангажира и заложува кон унапредување на статусот на еднородителските семејства, самохрани родители, девојки и жени од маргинализираните групи. Приоритети во работата ќе бидат обезбедување ефикасни и ефективни правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, насилство и говор на омраза врз основа на семејна конструкција, подобрување на образовните политики и програми, унапредување на правата на оваа група луѓе и овозможување достоинствен живот, се појаснува во соопштението.

Иницијатори за формирањето се Здружението на еднородителски семејства „Една може“ од Скопје и Мрежата за родова еднаквост, спречување на насилство, борба против дискриминација и залагање за подобрување на статусот на самохраните родители „ЈунајтедФем“, со поддршка од педесетина пратеници – потписници на барањето.

– Инспиративен говор одржа Дороти Пачкова од Здружението „Една може“, која рече дека ова е историски настан, што ќе отвори нов прозорец кон светот по машка, но и женска мера. Основањето на оваа ИППГ ќе овозможи законите да бидат во служба на граѓанките. Пачкова и самата како самохран родител и сведок на многу преживеани искуства, го посвети овој настан на сите самохрани мајки, што изминаа трнлив пат, со гласно говорење до овој ден на формирање прво парламентарно тело посветено на овие жени, како пионерки во регионот. Силата на една нација лежи во зајакнување на сите нејзини граѓанки, рече Пачкова, а со ова се испраќа порака дека е важен гласот на самохраните мајки и заедно ќе изградиме општество во кое секоја ќе има можност да се развива, се додава во соопштението.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Сиљановска – Давкова искажала задоволство од конечното формирање на оваа ИППГ и за претседателка на истата ја предложила пратеничката Ели Панова, а за потпретседателка – пратеничката Марија Костадинова, нешто едногласно прифатено од присутните.

– По тој повод, Панова истакна дека формирањето може доцни, но, беше неопходно и еве се почнува. Многу сме силни, секој ден го докажуваме тоа, но живееме во едно недоволно зрело општество, рече Панова, продолжувајќи дека со искрени заложби и работа во оваа ИППГ, надпартиски, ќе докажеме дека може да се направи напредок. Кусо обраќање имаше и Костадинова, во кое исто така вети заеднички труд, посветеност и борба за оваа група луѓе, чие секојдневие е борба. На крајот, претседателката на Комисијата, Сиљановска – Давкова, посака плодна работа и убеденост дека отворањето на портите на Собранието за граѓаните, за невладиниот сектор и граѓанските организации, го разбиструваат умот, ги продлабочуваат чувствата и нѐ прават подобри луѓе, наведуваат од собраниската прес-служба.

Еднородителски семејства самохрани родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.