Published: Sunday, January 4, 2015 11:46
Градоначалникот на францускиот град Шамплон не дозволил погреб на француско бебе бидејќи, според него, на локалните гробишта нема место за луѓето што не плаќаат даноци, пишуваат француските медиуми.
Кристијан Леклер, се нашол на удар на критика на околу 30 ромски семејства кои живеат јужно од Париз. Тие неговата одлука ја нарекле „скандалозна“.
Се работи за смртта на двомесечно бебе кое ненадејно почина во болница за време на божиќните празници. Телото на бебето било погребено во соседното место Вису.
Според градоначалникот на Вису, Ришар Тринке, ваквите одлуки предизвикуваат само дополнителна болка за мајката.




