НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Трајковски се заканува кон студентите и води политичка кампања: Не ме интересира политика, ама новата влада мора да го врати името

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

После точно 5 години молк, и на само неколку месеци пред одржување на парламентарните и претседателски избори, на проф. Владимир Трајковски му текна дека му смета името Северна Македонија и се закани дека ќе им ја намали оценката на студентите во чиј индекс пишува Северна Македонија.

„Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“, пишува во објавата на Трајковски на 2 февруари.

По оваа негова објава, наместо со извинување, тој се појави со изјава за ТВ Сител, во која вели дека на Фејсбук го нападнале „партиски ботови“ и „пациенти со Стокхолмски синдром“.

„Студентите не смеат да го пишуваат на индексите пежоративното име што дури не сакам да го спомнам… Со свиткан р’бет, со попустливост и со слабо чувство на себепрепознавање, за самоидентификација, со Стокхолмски синдром, мислам дека нема да се успее и токму тоа беше идејата на мојот пост, да им укажам на студентите дека треба малку да имаат свое ‘јас’, да држат до својот дигнитет, и се разбира, ако се Македонци, да не се срамат и плашат дека се родени во Република Македонија“, вели тој за ТВ Сител.

Професорот Трајковски истакна дека политиката не го интересира, но додаде дека новата власт што ќе дојде мора да се позанимава да го врати името.

„Ние мора да се бориме да го вратиме името Македонија бидејќи ни е насилно сменето. Тоа го видовме и според Референдумот во 2018-та, дека мнозинството население апстинираше, бојкотираше и тоа е јасен сигнал дека огромното мнозинство на македонскиот народ, па и другите етнички заедници кои што живеат во Македонија мислам дека не се согласуваат со тоа име“, рече тој во својата изјава за ТВ Сител.

Универзитетскиот професор кој предава на универзитет во Република Северна Македонија и прима плата од буџетот на државата со тоа име, се впушта во нешто што имплицира учество во изборна пропаганда. Притоа, тој без аргументи и докази зборува за наводни „300 уцени“ врз осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но вели и дека не се сеќава точно, бидејќи не го интересирала политиката (!?).

„Новата влада што ќе дојде мора сериозно да се позанимава со ова… Има разно-разни легалисти кои што велат дека со уставот е сменето името, но со тоа се отвора и друго прашање – како беше сменето, со 300 уцени и јасно им е на сите со тие 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои сигурно не по сопствена волја го направија тоа да има 61 глас, сега не се ни сеќавам бидејќи политиката не ме интересира,“ изјави проф. Трајковски.

По реакциите тој не го повлече ставот, туку тврди дека се работи за „социјален експеримент“ кој наводно покажал дека „во Македонија има лица со ниска самосвест за идентитет.“

„Што покажа вчерашниот социјален експеримент? 1. Дека во Македонија има лица со ниска самосвест за идентитет, име, односно анационални ликови. 2. Низок степен на интернет култура, а висок степен на простотилук. 3. Дека има многу „пациенти“ со Стокхолмски синдром. 4. Дека има многу партиски ботови кои киснат по задача на туѓи ѕидови со цел да омолавожуваат, шиканираат, навредуваат. 5. Како се прави вирален пост Ова е последен мој пост и коментар на оваа тема на мојот ѕид,“ напиша тој.

Професорот Трајковски во „патриотски стил“ вели дека ќе одговори дали ќе се откаже од платата што ја прима од Република Северна Македонија, тогаш кога тие што го прашуваат ќе му одговорат зошто СДСМ, кои, според него, лицемерно го сменија името на државата, а не го сменија името на партијата во СДСРСМ.

Инаку, проф. Трајковски кој после пет години молк, сега „лавовски“ се бори да го поништи уставното име на државата, не одговори дали тој самиот се претставува дека е роден во СФРЈ или пишува дека е од Македонија?

Останува прашањето дали ќе уследи било каков облик на осуда, оградување или санкции за професорот по дефектологија при катедрата на Филозофскиот факултет, по неговото учество во политичка кампања во изборен контекст и отворени закани и притисоци кон студентите кои ризикуваат намалување на оценките за нешто што нема никаква врска со нивното знаење.

ЦМТ

 

Владимир Трајковски студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.