НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ордaноски: Ако Мицкоски не биде мандатар за следната влада тој е следното утро политички мртов

0
By Marta Pesevska on February 6, 2024 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Судирот во Алијанса е стар и тој судир е можеби околу едно принципиелно прашање на кое доаѓаат сите помали партии кои треба да одлучат дали да влезат во поголемите коалиции без разлика кој ги предводи. Помалите партии, особено кај албанските партии, кога носат одлука на емотивен начин, така се подели АА, тука е спорот. Традиционално се покажало дека кога сте мала партија и одлучувате да не влезете во владеачка коалиција, вие не можете да додржите едно ниво на активност, јадро од вашето членство кое ќе биде ангажирано на државни вработувања“изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека атмосферата да се биде во коалиција со или против ДУИ е примарно прашање во албанскиот електорат, не само на ниво на партијата Алијанса.

„Оваа кавга која сега се случува меѓу Села и Таравари ескалираше на еден начин за кој мислев дека ќе се одвива подалеку од јавноста“, посочи Ордановски.

Тој додаде дека партиската политика во нашата земја е многу персонализирана.

„Да речеме, Села има биографија која се оптегнува со децении наназад и е резултат на разни конфликти во претходни партиски формации. Претпоставував дека Мендух Тачи со пуканки го следи шоуто. Има една доза на емотивност. Изборите се математичка операција. Ако тука влезете со емоции веројатно ќе ја утнете равенката за тоа што ви носи или не ви носи гласови“, рече Ордановски.

Тој додаде дека со оглед на ваквиот распоред и најавите за тоа какви ќе бидат изборните резултати, изборите се потпираат на една точка која е почетна за сите други анализи.

„Прашањето е дали фигуративно речено, по изборите, Мицкоски ќе успее да направи влада или нема да успее. Тоа ќе го покажат изборните резултати. Се разбира дека тие најавуваат големи победи и тн., но ако тие изборни резултати не бидат такви за да може комотно да бира партнери, туку да мора. Ако Мицкоски не биде мандатар за следната влада тој е следното утро политички мртов“, истакна Ордановски.

Тој додаде дека ако се создаде политички блок против ДУИ, тоа ќе биде примарното прашање, а не дали ќе влеземе во ЕУ.

„Ако го слушнеш Антонијо Милошоски за надворешната политика на владата на ВМРО после изборите, никакви шанси нема за уставни промени. Тој вели дека Бугарија не е примарен партнер за разговори за  влез во ЕУ. Они се бават со рамката ЕУ. Повторно би отварале разговори со Франција и со Германија, да се промени рамката, тоа е рецепт за губење време“, заклучи Орданоски.

Мицкоски Орданоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.