Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ до претседателот Пендаровски

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 8, 2024 10:01

По вчерашното гласање за измени на Законот за игри на среќа од Здружението на вработени во секторот игри на среќа испратија отворено писмо на „Сакам да работам“ до претседателот Стево Пендаровски:

Почитуван Претседателе Пендаровски,

Вчерашното гласање за противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа од мнозинството пратеници ни предизвика горчина во душите. Многумина од нас со право почнуваат да се прашуваат дали да бидеш Македонец во сопствената земја станува хендикеп? Отворено си ја поставуваме дилемата дали ќе се изгласаа вакви измени ако се однесуваа на работодавец во кој доминантно се вработени припадници на друга помала етничка заедница?

Бидејќи владата и дел од пратениците повеќе од една година буквално избегнуваат да не погледнат во очи и да ги сослушаат нашите аргументи, со ова отворено писмо, ќе се обидеме сликовито да ви објасниме што преживуваат 10 илјади вработени со своите семејства чекајќи дали вие ќе го потпишете указот за стапување во сила на скандалозните и противуставни законски измени на Законот за игри на среќа. Само, за разлика од предизборниот популизам на таканареченото движење „Антикоцкање“ од Тетово и другите дежурни критичари кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се реални животни драми.

Вака изгледаат сведоштвата на вработените во секторот игри на среќа:

„Се вработуваш во компанија која од владата и е издадена лиценца за приредување игри на среќа. Странски инвеститори, познат во светски рамки. Тоа ти влева самодоверба дека си добил сигурна работа. Во ова време на економски потреси тоа е реткост. Одиш на платена обука, стекнуваш високи професионални вештини. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени, бидејќи работното време е 24/7. Стекнуваш финансиска сигурност. Стапуваш во брак, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, автомобил, бидејќи си во финансиска кондиција да ги плаќаш ратите.

Одеднаш, истата Влада која издала лиценца за работа, со ЕУ знаме предлага законски измени кои треба да ги затворат легалните објекти за игри на среќа. Евроамбасадорот јавно ги прозива надлежните дека ги злоупотребуваат скратените собраниски процедури за измени што немаат врска со европското законодавство. Дел од политичките партии неосновано обвинуваат дека ние што работиме во обложувалниците и автомат клубовите сме дел од економски сектор кој и штети на младината. Како родител на малолетно дете не можеш да прифатиш дека се води безобзирна црна кампања за гласови во која не се избираат средства да те оцрнат како криминалец. Мнозинството пратеници не само што не сакаат да ти го чујат гласот, туку не дозволуваат ниту гласање на амандман кој треба да зачува 10 илјади работни места. Те фаќа несоница од помислата дека остануваш без

работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со тешко срце почнуваш да го подготвуваш семејството дека нема друг избор освен да си го барате чарето во туѓина.“

Почитуван Претседателе,

Знаеме дека е изборна година и дека речиси се’ се мери низ призмата на политички интереси и број на гласови. Сепак, вашето јавно ветување дека нема да го потпишете указот за стапување во сила на овие законски измени ни дава надеж дека човештината е сеуште посилна од интересот. Државниот завод за статистика неодамна излезе со поразителен податок дека 12 илјади луѓе годишно се иселуваат од Македонија. Ако потпишете, ние сакале или не’ заедно со своите семејства стануваме 35 илјади нови кандидати за иселеници.

Бидете Претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија!

 

Игри на среќа отворено писмо Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.