НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборна трка со дезинформации

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ИЗБОР
Сефер Тахири
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
  • Предизборното дезинформирање почна. Нити Таравари се сретна со Мицкоски, нити Зијадин Села ќе се приклучи на Европскиот фронт заедно со ДУИ, нити Талат Џафери славеше во Форинo со песна за Чамерија, Илирида и Косово
  • Дезинформациите се отворена фронтална закана за кредибилитетот на медиумите, слободата на изразувањето и кревката демократија во нашата земја
  • Не треба да споделуваме медиумски содржини на социјалните мрежи без скептицизам. Да не го јадеме сапунот како сирење!

СЕФЕР ТАХИРИ  / Цивил Медиа

Северна Македонија е во предизборна кампања, иако официјално таа не е започната. Партиите веќе интензивно ги запалија пропагандистичките мотори, во кои како инструмент за убедување дека противникот е во погрешна политичка линија, односно не е на страната на народот, се искористуваат или злоупотребуваат дезинформациите.

За жал, во оркестрираните политички кампањи се вклучени и дел од медиумите.

На 31 јануари се објави една дезинформација која, за жал, докажува дека медиумскиот систем во земјата е во длабока криза.

Телевизијата Клан Македонија, која има национална кабелска лиценца, на 31 јануари објави дека во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во вечерните часови била одржана средба на лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Дури и објави наводна фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ! Таравари и ВМРО-ДПМНЕ демантираа, Клан се извини, но кај публиката остана перцепцијата дека медиумите манипулираат со фактите. Самите медиуми, односно дел од нив, интензивно, со нивното непрофесионално и неетичко работење, драстично ја рушат довербата во новинарството. Довербата тешко се гради, за да се стигне до неа потребни се макотрпни напори, многу стрес и енергија, треба многу пот, но многу брзо се руши. Некогаш, за тоа е потребна само е една дезинформација или лажна фотографија.

На 2 февруари, ТВ 21, исто така национална кабелска телевизија објави новинарски прилог со наслов „Не сакал да се врати на лидерското место – Села ги свика претседателите на ограноците, без Таравари“ во која новинарот констатира:

„Од она што досега се дознава, неофицијално е дека претседателот на партијата Арбен Таравари сака коалиција со албанскиот опозициски блок, Европскиот сојуз за промени, нешто што не го сака експретседателот на партијата и на централното собрание на АА, Зијадин Села, за кој се дознава дека е на ставот дека на изборите треба да излезат со Европскиот фронт каде што е и ДУИ.“ Првиот дел од ова информација се потврди, но делот за приклучување на Села на Европскиот фронт се покажа неточен. Села демантираше, оценувајќи дека објавата е „лага и тенденциозна со цел да се наруши мојот углед!“

Не помина без дезинформирање ни изборот на Талат Џафери за технички премиер на Северна Македонија. Голем број на медиуми на македонски јазик објавија текстови со наслов, во кој се тврдеше дека премиерот во своето родно село беше пречекан со песни за Чамерија, Илирида и Косово. Но, иако оваа содржина се сподели широко во медиумите и социјалните мрежи, се потврди дека се работи за дезинформација.

Сервисот за проверка на факти, Вистиномер, откри дека „видео материјалот на кој во позадина се слушаат извиците, не се автентични, туку се дополнително додадени (монтирани) и, всушност, претставуваат звук од навивање на спортски натпревар неповрзано со доаѓањето на Џафери во Форино.“

Kако што ќе се ближат изборите, така ќе расте и производството и количеството на дезинформациите. Прогнозите се дека се очекува нивно енормно производство.

Тие, без разлика дали се објавуваат со или без намера, се многу штетни и се директна закана за точното, објективно, коректно и непристрасно новинарство. Дезинформациите се и отворена фронтална закана за кредибилитетот на медиумите, но и ги загрозуваат  слободата на изразувањето и демократијата во нашата земја, која и така е на кревки нозе.

Но, политичките партии кои ги продуцираат, а и медиумите кои ги пренесуваат, треба да се свесни дека дезинформациите се контрапродуктивни, односно може да предизвикаат спротивен ефект од замислениот пропагандистички (афирмативен) ефект.

Во борбата против дезинформациите треба да се вклучиме сите ние, новинарите, уредниците, експертите, невладините активисти, политичарите, но и граѓаните. Не треба да споделуваме на социјалните мрежи медиумски содржини без критичка анализа, односно без да изразиме здрав скептицизам.  Иако дел од гебелсовите партиски пропагандисти сметаат дека можат со класично манипулирање да влијаат врз демократското одлучување на граѓаните, треба да ги отвориме очите и да им ги деконструираме пропагандистичките наративи. Не е вистина дека сто пати повторена лага станува вистина! Да не го јадеме сапунот како сирење!

ПС. Во следната колумна ќе читате за дезинформациите за етнички прашања.

Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор.
Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
дезинформации избори СЕФЕР ТАХИРИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.