НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Владата ќе остане глува на крикот од уметниците?

0
By Нова ТВ on January 6, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Писателите, филмаџиите, актерите, ликовните уметници, музичарите, сите со предупредувачка порака до Владата – новиот закон за плаќање на давачки за хонорарите ќе биде убиство за уметноста. Од 1 ви јануари стапија на сила новите законски решенија според кои ќе се плаќаат придонеси за хонорари повисоки од минималната плата. Уметничката фела во земјава останува на ставот дека решението ќе биде погубно а последиците допрва ќе се бројат, пишува ПорталБ.

„Отворени писма“ до Владата – последиците од давачките поразителни

Со отворено писмо до Владата се обратија речиси сите уметнички друштва, асоцијации и организации во кои членуваат музичарите, ликовните уметници, филмаџиите, театарџиите, писателите.

Сергеј Дамовски од Друштвото на ликовни уметници на Македонија вели дека по Отвореното писмо што му го напришаа на премерот Никола Груевски до сега инцијатива за каква било средба или комункација нема.

„До сега немаме никаква повратна информација од Владата, ниту пак се направени какви било консултации со нас. Но јасно е дека вака, како што е законското решение, тоа ќе значи удар за уметниците. Во Друштвото на ликовни уметници на Македонија членуваат околу 400 лица кои ќе бидат засегнати со законското решение. Давачките за хонорарите несомнено ќе ги намалат примањата, односно висината на хонорарите, кои и сега се на едно ниско ниво. Овој закон доплнително ќе ја влоши состојбата, ќе има помалку пари а со тоа и помал квалитет.“, вели Дамовски за “Порталб“. .

Ликовските уметници во отвореното писмо, меѓудргото напишаа:

“Со дополнителните давачки се скратуваат веќе скромните средства за реализација на проекти. На тој начин, се обременува и онака незавидната состојба на ликовните творци. Со новите законски измени, вредноста на уметноста се занемарува и девалвира. Лично право на секој граѓанин е правото на избор, да плаќа или не плаќа придонеси“, напишаа од ДЛУМ.

Отворено писмо до Владата испратија и филмаџиите. Во писмото што го потпишуваа 170 филмски работници, се посочува на сероозните негативни ефекти што ќе ги предизвика новиот закон за плаќање на давачки.

“Крајниот исход ќе биде намалување на и онака скромните средства што ги заработуваат, што ќе повлече принудно напуштање на дејноста и потрага по нов начин за егзистенција.“, напишаа филмските работници.

Ние сме против законското решение и се надеваме дека сериозно ќе го земете во предвид нашиот глас – му напишаа на премерот и театарските работници.
Зад Отворено писмо, застана звучни имиња од тетарскиот свет, меѓу кои и режисерот Срѓан Јаничиевиќ.

“До сега нема никаква повратна инфрмација од Владата. Во Македонија има 11 театри, во секој од нив по околу 15 глумци, потоа тука се и режисерите, асистентите, костомографите, сценографите, шминкерите, сите тие се многу повеќе од 400 засегнати лица со ова законско решение. Сметам дека тоа ќе биде удар за фелата и предлагам лимитот за плаќање на давачки да биде две просечни плати а за возврат државата да дава ваучери за здравствени услуги, бидејќи и по основ на хонорарна заработка ќе се плаќаат истите давачки како и за плата“, вели театарскиот филмскиот режисер Јаничиевиќ .

На премиерот му напушаа и пистелите. И за нив давачките се неприфатливи и бараат од Владата да направи длабинска анализа на состојбата.

“Друштвото на писателите на Македонија има став дека примената на законот за дополнителни давачки за авторска хонорарна работа ќе има контрапродуктивен ефект во областа на уметничкото создавање. Во оваа смисла Друштвото на писателите на Македонија укажува на досегашната симболична состојба на хонорарите но и на нерамномерното и без јасни критериуми делење на средствата со што системски се создаваше погрешна слика на вредностите во уметноста.“, пишува во писмото на Друштвото на писатели на Македонија.

Сериозни негативни последици од плаќањето на давачки очекуваат и музичарите, тетарските работници, хорските и балетските иметници.

“Законот за хонорарни давачки ќе придонесе за брзо згаснување на поголемиот дел од нашата уметничка креација за која што и досега заработувавме минимално. Ние сме таа креативна сила која општеството го издигнува културно и емотивно на едно многу повисоко ниво, но, за жал, со овие нови измени на законот таа иста сила ќе биде целосно заслабена и доведена до работ на егзистенцијата. Сакаме да алармираме и да Ви укажеме дека со овој закон се маргинализира уметникот и уметноста која тој ја создава“, пишува во отвореното писмо што од името на сите вработени во Македонската опера и балет го упатија до Владата оркестарските, хорските и балетските уметници.

Според уметниците, и со сегашните средства и висина на хонорар, вкупната уметничка дејност едвај преживува, но сега со законските решенија можно е и згаснување на дел од прокетите и активностите.

“За законското решение и последиците од него раговараме на Уметничкиот совет и на Управниот одбор. Сметам дека многу проекти сега се реализираат со скромни средства, со новите давачки тие ќе бидат уште поскромни, што на крајот ќе се рефлектира врз вкупната креативна работа. Треба да се најде некое помалку болно решение, во спротивно, еве на пример ќе мора да ставиме клуч на врата на Друштвото за ликовни уметници, бидејќи ќе биде невозможно да работи во вакви удлови“, вели за “Порталб“ Дамовски од ДЛУМ.

Бизнисмените од Соузот на стопански комори неодамна изјавија дека Владата треба да размисли за можни измени во висината на хонораарот што ќе се даночи, односно дека за основа треба да се земе просечната нето плата во Македонија, која изнесува околу 21 000 денари. Според сегашното решение, продонеси ќе се плаќаат на минималната плата од девет илајди денари. Бизнис заедницата предупреди на серија недостаоци на законското решение, кое според нив ќе резултира или со намалени хонорари или со откази.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.