НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за Слободен Печат: Кон крајот на месецот ќе се знае претседателскиот кандидат на СДСМ

0
By Marta Pesevska on February 11, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервју за Слободен печат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека постапката за избор на претседателски кандидат на СДСМ се одвива на едно исклучително високо демократско ниво, и дека кон крајот на месецот ќе се знае точно име со кое партијата ќе настапи на претседателските избори.

„Како државотворна партија, СДСМ со изборот на кандидатот за претседател на државата ќе одговори на потребите на граѓаните и на татковината. Чесен, широко прифатен од граѓаните, близок со народот, кој ги споделува прогресивните вредности на демократското општество, со визија за европска иднина. Човек кој ќе биде претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност. Тоа е профилот на кандидатот на СДСМ и тоа е профилот на победничкиот кандидат на идниот претседател на државата. Постапката за утврдување кандидат досега се одвива во рамки на партијата на едно исклучително високо демократско ниво. Задоволен сум од тоа што освен степенот на демократија во рамки на процедура имаме повеќе предлози, одговорни личности, со кредибилитет, со високи морални норми. Очекувам на крајот на овој месец да финишира оваа постапка, а потоа и да го објавиме пред граѓаните и да ја побараме нивната поддршка. Две работи се сигурни. Кандидатот ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и секако од граѓаните. Тоа ќе биде идниот претседател на државата кој во следниот мандат заедно со проевропските сили, со проевропската влада, со мене како иден премиер ќе работи на полноправно членство во ЕУ“ посочи Ковачевски.

Запрашан за тоа дали Стево Пендаровски повторно би бил кандидат на СДСМ за претседател на државата, Ковачевски упати пофални зборови за сегашниот претседател, но додаде дека конечната одлука ќе биде донесена наскоро.

„Во неколку наврати имам споменато дека претседателот Стево Пендаровски успешно го извршуваше својот мандат во изминатите 5 години. Тој беше поддржан од повеќе партии, ги обединуваше сите етнички заедници и демократски принципи и затоа беше натпартиски, консензуален кандидат. Пендаровски е европски политичар, поддржувач на евроинтеграциите на Северена Македонија, на членството во НАТО. Имајќи го ова превид, секако дека се вклопува во профилот за којшто говориме. Сепак, кој ќе биде кандидат на СДСМ за претседателските избори ќе објавиме наскоро по завршување на целата постапка“ порача тој.

Ковачевски претседателски кандидат СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.