Published: Wednesday, January 7, 2015 12:28
Три лице со маски на лицата и капи упаднале изутринава во седиштето на весникот Чарли Хебдо во 11 арондисман на Париз вооружени со калашникови.
Пет до десет новинари се убиени според првите изјави на полицијата. «Ова е вистинска кланица», изјави еден припадник на полицијата.
Додека бегале тројцата маскирани отвориле оган врз полицијата и раниле тројца плоцајци. Во моментов трае потргата по нив и се утврдува билансот на убиствениот упад.
Чарло Хебдо е сатиричен француски неделник со лева идеологија. Весникот е илустриран и објавува карикатури и истражувачки стории особено околу екстремната десница, католицизмот, исламизмот, политиката или културата.




