НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НСПВ: Институциите ја исправија грешката, лицето Зоран Павловски е избришан од претседател на Синдикатот

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) Александар Насковски денеска на прес-конференција информираше дека лицето Зоран Павловски, кој го изманипулирал Министерството за одбрана и лажно се претставувал како претседател на Синдикатот е избришан од функцијата претседател во тековната состојба на НСПВ.

Насковски рече направениот криминал од страна на седумте вработени во Министерството за одбрана, заедно со Зоран Павловски бил препознаен од надлежните институции.

— Надлежните институции го забележаа фалсификатот и ја исправија направената грешка, со што лицето Зоран Павловски е избришан од претседател на Независниот синдикат на професионални војници во тековната состојба и вратен е вистинскиот претседател и овластено лице на Синдикат, Александар Насковски, изјави Насковски.

Тој упати апел до Министерството за одбрана да се одблокира сметката на Синдикатот и да се префрлат средствата кои два месеци се одбиваат на основ на чланарина.

– Зоран Павловски никогаш не бил член ниту претседател на Синдикатот, а и тоа се потврди со овој документ. Денес во Министерството за одбрана и до сите сектори ги доставивме овие докази каде што апелираме да постапуваат согласно Законот за работни односи и колективниот договор на Министерството за одбрана, веднаш да се одблокира сметката на Синдикатот и да се префрлат средствата кои два месеци се одбиваат на основ на чланарина. Дваиполмесечната сага заврши со овој документ и вистината излезе на виделина, рече Насковски.

Апел упати и до министерката за одбрана Славјанка Петровска, да покрене постапка против седумте лица и Зоран Павловски, бидејќи како што рече, го изманипулирале Министерството за одбрана и го нарушиле угледот на Армијата.

— Ги ставија сите во заблуда и го нарушија угледот на Армијата со ваквите криминални постапки. Лажно се претставуваа, а истите се припадници на Армијата. Ќе го известиме Јавното обвинителство за оваа промена и со тоа сметаме дека пола работа на јавниот обвинител е завршена и се надеваме дека лицата ќе бидат соодветно казнети за овој криминал согласно кривичниот законик на Република Македонија, рече Насковски.

армија Зоран Павловски Министерство за оправда НСПВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.