Published: Wednesday, January 7, 2015 16:29
Индонезиски спасувачки екипи ја лоцираа опашката од исчезнатиот авион 8501 на Ер Азија, кој се урна во Јаванското море на 28-ми декември.
Шефот на националната агенција за спасување потврди дека задниот дел од авионот, каде се наоѓа таканаречената црна кутија со снимени информации за летот е пронајдена откако официјални лица најавија проширување на областа за потрага по остатоци од авионот.
Авионот со 162 лица исчезна недалеку од крајбрежјето на Борнео. Нема преживеани, а засега се пронајдени помалку од 40 тела.
Патничкиот авион од типот Ербас 320 исчезна од радарот без знаци за проблеми, на половина пат на летот од Индонезија до Сингапур.
Вештаци од Австралија работат со индонезиските власти во идентификување на телата.




