Published: Thursday, January 8, 2015 12:03
Утрово одекнала експлозија во ресторан близу џамија во градот Вилфранш-сур-Сон, на источниот дел од Франција. За сега нема информации за повредени, а причината за експлозијата не е позната.
Локалниот весник „Прогрес“ јавува дека експлозијата се случила околу 6 часот наутро, во ресторан за брза храна во која се продаваат претежно кебапи, пренесува Раша Тудеј.
>> Карикатурите поради кои беа убиени француските новинари
Градоначалникот на градот стравува дека инцидентот е поврзан со нападите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, при што тројца напаѓачи убија 10 членови на редакцијата, и двајца полицајци.
Во меѓувреме, четири гранати се фрлени во дворот на џамија во Ле Ман. Само една од гранатите експлодирала а повредени нема.




