Десетици Косовари се собраа пред Народниот театар на Косово, за да им оддадат почит и да запалат свеќи во знак на солидарност со жртвите од масакрот што се случи во Париз.
Нив им се придружи и претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели.
Претседателот на Собранието истакна дека главниот град на Косово се приклучува на солидарноста која се искажува во целиот свет против масакрот во францускиот магазин „Чарли Ебдо“, во Париз.

„Нападот на новинарите е и напад на нашите вредности кои ние ги негуваме и за кои се стремиме како општество и држава, тоа е напад на демократските евро-западни вредности, затоа го осудуваме овој терористички акт и се соживуваме со болката и тагата на семејствата на загинатите, со Република Франција и демократскиот свет“, нагласи Весели.




