Published: Thursday, January 8, 2015 21:42
Два автомобили експлодирале вечерва, во јужното преградие на Париз, Вилжуиф, јавува Монд. Се работи за два автомобили за продажба, кои биле паркирани надвор. Во експлозијата нема повредени, соопшти полицијата.
Околу 6 часот имало експлозија во градот Вилфранш- сур- Сон, во источниот дел на Франција.
“Се плашам дека ова е поврзано со драматичниот настан што се случи во средата”, рече градоначалникот Бернард Перу.
Двете лица осомничени дека го предводеа нападот врз “Шарли Ебдо” се бараат од страна на скоро 88, 000 полицајци во Пикарди, северниот дел на Париз. Според извори на Монд, не постои индикација дека автомобилот на осомничените бил оставен во областа.




