Потрагата по браќата Шариф (32) и Саид Куаши (34), осомничените за масакрот на редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, е фокусирана во област во североисточниот дел на Париз, каде што тие држат заложници во бизнис објект, близу аеродромот „Шарл де Гол“, јавуваат француските медиуми.
Како што соопшти францускиот министер за внатрешни работи, во акцијата која се засилила синоќа а која продолжува и денес, учествуваат сите антитерористички единици. Учествуваат над 100 полицајци, специјалци и војници.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенов соопшти дека се одвива полициска акција во областа Дамартин-ан-Гол, во која се гонат осомничените за нападите на сатиричниот магазин.
Се работи за област која е североисточно од Париз, а полицијата ја затвори областа по потрага за осомничените, соопшти Казенов.
Во нападите на магазинот „Шарли Ебдо“ на 7.јануари, убиени беа 10 новинари и 2 полицајци.
Според податоците на Вашингтон, Шариф и Саид се веќе подолго време на црната листа на терористи во САД.




