Published: Friday, January 9, 2015 12:44
Четворица патници загинаа кога туристички брод со 98 патници и 10 членови на екипажот потона во близина на Костарика.
„Досега од водите на Пацификот се извадени 94 патници“, изјавил директорот на пожарникарската служба Хектор Чавез, за Радио Монументал.
Медицински екипи им даваат помош на патниците кои имаат проблеми со хипотермија и напади на паника, соопшти Чавез.
Бродот започнал да тоне кога во него удрил огромен бран, кога Костарика ја погодиле силни ветрови, кои корнеле дрвја и предизвикале големи бранови во водите.
Министерството за транспорт соопшти дека туристичкиот брод имал капацитет да прими 120 патници и членови на екипажот , а на бродот имало доволно гуми и чамци за спасување.




