Петмина се во заложништво при упад на вооружено лице во супермаркет во Париз, а неофицијално има и две жртви, јавува Гардијан. Лицето вооружено со калашников се поврзува со браќата Куаши, кои го извршија масакрот врз „Шарли Ебдо“.
Полицијата претпоставува дека се работи за осомничениот кој ја застрела полицајката во Монруж, убиство кое од страна на полицијата, беше поврзано утрово со браќата Саид и Шариф Куаши.
Во меѓувреме, француските власти официјално соопштија дека се сигурни дека браќата Куаши се опколени во областа Дамартан-ан-Гол а полицијата ги сака живи.
Во областа опколена со анти-терористички единици евакуирано е населението, а хеликоптери се постојано во воздух при полициската акција.
Се огласи и лидерот на ИСИС, свештеникот Абу Саад ел Ансари кој индиректно ја презема одговорноста за нападите врз „Шарли Ебдо“, кој изјави:
– Започнавме во Франција, утре ќе бидеме во Британија, па во Америка и во другите земји, пренесува Танјуг.




