НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЕПСО: Не управуваме со дистрибутивната мрежа

0
By Нова ТВ on January 9, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раководниот тим на АД МЕПСО во целост ги отфрла како невистинити и шпекулативни сите наводи изнесени на денешната прес-конференцијата на СДСМ, на која беше обвинет дека е одговорен за прекините во снабдувањето со електрична енергија предизвикани од неодамнешното невреме и беше побарано да поднесе колективна оставка.

– МЕПСО со години наназад безрезервно и со целиот професионален капацитет на работниот колектив работи на унапредување на работните процеси, инвестира во преносната мрежа во зголемување на капацитетите, на нивото на доверливост се со единствена цена доверлива работа на електропреносниот систем и стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија на сите точки на примопредавање на преносната и на дистрибутивната електроенергетска мрежа, се вели во реакцијата на МЕПСО на прес-конференцијата на СДСМ.

Посочуваат дека е класично и флагрантно злоупотребување на тези и превртување на аргументи кога за прекини во снабдување со електрична енергија на дистрибутивната мрежа ќе се обвинува македонскиот електропреносен систем оператор кој управува со електроенергетскиот систем и преносната мрежа и нема никакви надлежности и не управува со дистрибутивната мрежа на која се приклучени селата кои останале без напојување во претходниот временски период.

– Особено е дегутантно кога вакви невистинити податоци изнесува поранешен генерален директор на македонскиот електропреносен систем оператор. Без да објаснуваме во детали само уште еднаш ќе повториме дека во изминативе десет години МЕПСО инвестираше над 66 милиони евра во својата инфрастуктура, а од нив 50 милиони евра се инвестиции во нови далекуводи, нова трансформаторска станица и во ревитализација и во реконструкции на постројки на преносната мрежа. Ова е одговор на обвинувањето каде се трошеле парите од преносната тарифа што МЕПСО ја наплаќа, а која во сметките на граѓаните учествува со помалку од 8 отсто од износот на целата месечна сметка, се истакнува во реакцијата од МЕПСО.

На изнесените небулози дека не се одржува и вложува во мрежата во југозападниот дел од земјата, се нагласува, може само да изнесеме податок дека во 2013 година, имајќи го како приоритет, извршивме комбинирана реконструкција и ревитализација на над 70 километри 110 киловолтни далекуводи во југозадапниот дел на земјава на потегот Битола – Ресен – Охрид – Струга – Глобочица.

– Доказ за квалитетот на извршените работи и оправданост за стратегијата е тоа што во енормнно лоши временски услови со обилен снег МЕПСО имаше само два испади на преносната мрежа и тоа на 28 декември од 18:40 часот до полноќ и на 29 декември од 7:30 до 10 часот. Вкупно без напојување регионот на градовите Струга, Охрид и Дебар беше 10 часа од кои 6 часа и 30 минути на 28 декември и 2 часа и 30 минути на 29 декември. Очигледно дека одговорите за безнапонските состојби треба да се бараат на друга страна не кај МЕПСО. Што се однесува до финансиските средства кои ги дониравме во збогатување на понудата на македонски зимски центри можеме да истакнеме дека како државна компанија со гордост дониравме средства во цели од јавен интерес. И понатаму, во рамки на нашите можности, ќе го правиме тоа, се потенцира во рекацијата на МЕПСО на денешната прес-конференција на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.