Неколку минути пред 17 часот, во индустриската област Дамартан-ан-Гол каде што властите на Франција официјално соопштија дека се наоѓаат браќата Куаши се слушнале неколку пукотници и експлозии.
Саид и Шариф, браќата осомничени за масакрот врз редакцијата на „Шарли Ебдо“ се опколени од големо присуство на анти-терористички единици.
Властите велат, осомничените се опколени од сите страни. За сега нема информации за повредени.
Браќата во телефонски контакт со полицијата, утрово рекоа дека се подготвени да умрат како маченици.
Подоцна во денот, уште еден напад се случи во супермаркет во источен Париз, при што загинаа двајца заложници а петмина се се уште во заложништво на вооружено лице кое се поврзува со браќата Куаши и убиството на полицајката во Монтруж.
Францускиот претседател Франсоа Оланд го откажа состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел, кој требаше да се одржи во недела.
Инаку, одговорноста за нападите во Париз, денеска ги презеде Исламската држава која рече дека следни на мета се Британија, САД и друи земји.




