Осомничените автори на атентатот на Шарли Ебдо се убиени а сите заложници се ослободени во нападот на специјалните сили на полицијата во Сен и Марн, информираат извори блиски до полицијата, јавува агенцијата АФП.
Нешто пред 17 часот елитната жандармерија ја нападна печатницата во која беа затворени бараќата терористи во Данмартан-ан-Гол. Еден припадник на специјалните единици е ранет но неговиот живот не е во опасност.
Полицијата изврши напад и врз кошер продавницата во парискиот кварт Венсен каде што имаше повеќе заложници, јавуваат новинарите кои се на лице место.
По повеќе експлозии полицијата влезе во продавницата и повеќе заложници можеа да излезат надвор.
Според досега непотврдени извори, еден терорист бил убиен во Венсен а еден е уапсен.




