Триесет годишна жена ноќеска починала поради компликации предизвикани од грип од тип А. Пациентката спаѓала во групата на ризични, бидејќи боледувала од епилепсија, а вирусот на грипот кај неа предизвикал бронхопнеумонија.
На Инфективната клиника била хоспитализирана пред две недели, поради изнемоштеност, болки во грлото и зголемена температура, по што веднаш била ставена на апарати за вештачко дишење и соодветна антибиотска и антивирусна терапија.
Но состојбата нагло се влошила во текот на измината ноќ, по што настапила смрт.
Ова е шести смртен случај како последица од грипот за неполни три месеци.
Кај неа како и кај останатите починати од грип, претходно постоеле хорнични заболувања што допринело состојбата да заврши фатално.