НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојамацалиев: Вечерва или утре ќе стигнат уште 85 илјади обрасци за пасоши

0
By Marija Todorovska on February 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши. Според Бојамацалиев системот за издавање патни исправи функционира нормално.

– Како што е информирана македонската јавност, стигнаа 50 илјади, па 20 илјади обрасци пред некое време, пред една недела точно стигнаа 140 илјади обрасци и доцна вечерва или утре сабајле стигаат 85 илјади обрасци. Ја заокружуваме таа бројка од 300 илјади обрасци што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие. Обрасците стигаат, граѓаните се услужени тука и во Тетово и во Скопје, се функционира како што треба, ниту има саботажа, ниту има хаос. Имаше само лажна пропаганда и собирање на политички поени дека ќе се укине Преспански договор што ги доведе граѓаните во заблуда, изјави Бојмацалиев.

Бојамацалиев рече дека со старите пасоши нема да може да се патува бидејќи нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата.

– Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Северна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа, подвлече, ќе биде можно кога ќе има нова Влада.

На новинарско прашања дали е вистина дека има државен стан и затоа се залага за закон за нивна продажба, Бојамацалиев објасни дека имал поднесено барање но никогаш не добил.

– Да, јас повикав да се гласа за таков закон, кој повеќе години е заглавен во Собранието. Јас не поседувам таков стан. Немам потпишано никаков договор, а знам тие алудираат на едно барање кое го има поставено пред две години кое Влада ми одредила, но никогаш не сум потпишал и не сум имал таков стан. Не се работи лично за мене, се работи за колегите од македонската полиција, истакна Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски беше во работна посета на СВР Тетово.

МВР Митко Бојмацалиев обрасци за пасоши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.