Published: Sunday, January 11, 2015 12:16
Хрватите денеска бираат кој ќе им биде претседател меѓу актуелниот шеф на државата Иво Јосиповиќ, кандидат на владејачките социјалдемократи и Колинда Грабар Китаровиќ од партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
На првиот круг којшто се одржа непосредно пред Нова Година, Јосиповиќ освои 38,46 отсто од гласовите, а поранешната шефица на хрватската дипломатија Грабар Китаровиќ точно 37,22 проценти. Резултатот само ги потврди анкетите дека ова ќе бидат најнеизвесните претседателски избори во историјата на независна Хрватска која досега шест пати бирала претседател.
Актуелниот претседател Јосиповиќ рано утринава веќе гласаше, а покрај него право на глас имаат уште околу 3,8 милиони Хрвати.




