Published: Sunday, January 11, 2015 22:36
Во вториот круг на претседателските избори во Хрватска победи Колинда Грабар Китаровиќ, кандидатката на опозициската Хрватска демократска заедница (ХДЗ), покажуваат нецелосните официјални податоци од хрватксата Државана изборна комисија добиени околу 22 часот и 30 минути.
Во неверојатно тесна битка во која разликата е под еден процентен поен, Грабар Китановиќ освоила 50,39 отсто од гласвоите, додека противкандидатот и актуелен шеф на државата, Иво Јосиповиќ добил 49,61.
Како што јавуваат хрватските медиуми во таборот на опозициската ХДЗ приврзаниците на Грабар Китановиќ слават со тоа што ја пеат хрватската химна.




