НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наградата „Даница Ручигај“ врачена на тетовската поетеса Славица Дабевска Ќировска

0
By Marija Todorovska on March 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годишната награда „Даница Ручигај“, која се доделува на најдобрата поетеса во земјава, оваа година и припадна на тетовската поетеса и прозна писателка Славица Дабевска Ќировска за нејзината книга песни „Плетенка“. По тој повод, а и во пресрет на Денот на жената 8-ми Март, оваа највисока поетска награда свечено ѝ беше доделена во НУ Центар за култура „Иљо Антески-Смок“, во организација на НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово.

 

-Станува збор за поетска збирка од 48 песни во кои, во кротките сништа на поетесата шепоти мигот на вечноста, светнува надеж, животот што мина во трагање низ расцветаните алеи во мирисната градина на „Плетенка“. Редејќи ко слики на филмското платно, поетесата не води во висина на сјајот на ѕвезденото небо, така од тие божествени далечини се обидува да дознае како ли изгледа дамата на стихови за која сонува и броди во тесен вакуум да издига свет во кој е дојдена и зошто пред нас и ѕвездите молчат за она што тие добро го знаат“, вдахновено, кажа  Лерка Тот-Наумова, рецензентка на книгата песни „Плетенка“.

Наградата „Даница Ручигај“, посветена на првата македонска поетеса, на Славица Дабевска Ќировска и ја врачи претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Христо Петревски.

-Славица Дабевска Ќировска ја заслужува оваа награда, не само за оваа книга туку и за нејзиниот претходен ангажман, за претходните нејзини книги. Таа е познато име, не само во Тетово и не само во Македонија. Има добиено награди и надвор од Македонија, но она што е најбитно таа е една од најсериозните поетеси и писателки во Друштвото на писатели на Македонија која што работи многу сериозно на планот на поезијата и прозата. Јас лично очекувам од неа во иднина да пишува и за деца, затоа што таа цел живот работи со деца и мислам дека допрва ќе читаме приказни, бајки, текстови за сликовници и слично, истакна Петрески.

Поетесата Славица Дабевска Ќировска се заблагодари за добиената награда и пред присутните прочита дел од песните објавени во нејзината наградена книга.

-Денес е празничен ден, сонцето денес поинаку не огреа. Светол е овој ден за една кревка душа која струганици на хартија остава, во душа вивнува и стихови запишува. Секој збор што ќе го кажам е премалку, грамадноста ја чувам во себе, ви благодарам што одвоивте време да дојдете и да ја споделиме оваа огромна радост, радост која што срони солзи уште од октомври, па чинам веќе нема ни толку вода во океаните, емотивно им се обрати поетесата Дабевска Ќировска на присутните.

Книгата песни „Плетенка“ е петта по ред книга со песни и стихови на Славица Дабевска Ќировска, која до сега има објавено и два романи.

Даница Ручигај награда поетеса Славица Дабевска Ќировска Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.