Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ со концерт на Артан Лили (Белград) и Занаду (Скопје) во МКЦ

0
By Ана Василевска on March 7, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 7, 2024 10:57

Музичката програма на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ продолжува и овој петок на 8 март со уште еден целовечерен настан кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

Настанот, кој почнува во 21 часот ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните Артан Лили, еден од најмногу споменувате бендови во регионот кога се зборува за новата домашна и регионална музичка сцена. Втората скопска, со концерт на бендот Занаду, (нај)младата и надоаѓачка сила на македонската музичка сцена. Совршен спој на квалитетен звук и изведба која гарантира добра забава за вистинските љубители на музика од различна генерација.

Артан Лили, со три албуми зад себе и 10 години активно концертирање е еден од најреномираните регионални бендови. Последниот албум носи и соработки со колеги од локалната сцена, меѓу кои Зоран Костиќ-Цане од „Partibrejkers“ и Никола Врањковиќ. Покрај професионалноста во креирање и изведба на музика, тие посветено се занимаваат и со нејзината визуелна репрезентација преку продукција на видео записи. Во тој контекст на концертот во Скопје, покрај добриот звук не очекува и вистинско визуелно доживување преку специјално креирани визуелни ефекти на извонредниот Боб, VJ и соработник на бендот. Артан Лили успеваат да го задржат вниманието и интересот на различна генерација на публика, а нивната работа да биде признаена и наградувана. Со своите синглови ги освојуваат сите релевантни радиски и ТВ топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната „Ako stanemo tu“ која веднаш како новитет застана на првото место на листата „Diskomer“ на „Studio B“.  За повеќе од 40 години колку што постои листата, овој куриозитет го искусиле само музички групи како „Bjelo Dugme“ и „Ekaterina Velika“. Добитници се на првата по ред награда на друштвото „Milan Mladenović“.

Артан Лили, Белград

Вечерта ќе ја отворат нашите млади таленти, претставници на урбаната и алтернативна музичка сцена, Занаду. Бенд коj не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фреквенции се начини на кои поробуваат да го пронајдат звукот коj најдобро ги дефинира. Формирани во 2021 година, по период на дефинирање на идејата и музичко себеспознание, во 2022 година го обавуваат својот деби сингл „Навика”, за подоцна истата година во етер да го пуштат и нивниот деби албум „Соништа” предводен од истоимениот сингл и синглот „Зборувај, замижи, побегни”. Занаду се еден од најмладите состави на „Гола Планина Колектив“. Тие пркосат со својата младешка енергија, а нивната соничност и дивергентност е најдобро воочлива на настапите, каде најмногу ги уживаат бисовите и стиховите кои едногласно ги делат со публиката.

Влезниците за настанот може да се обезбедат преку онлајн на https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1297 и на билетарницата на МКЦ  по цена до 400 денари.

Редакција Трн
концерт МКЦ Силата ЕУ младите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.