Published: Monday, January 12, 2015 20:07
Француската полиција го открила местото каде што се криел Ахмед Кулибари, напаѓачот одговорен за убиството на францускиот полицаец и киднапирањето во продавницата за кошер храна во Париз, објави Еј-Би-Си.
Полицијата го нашла оружје, пари, како и знаме на „Исламската држава“во стан на предградието на Париз.
Според информациите, Кулибари станот го изнајмил седум дена пред инцидентот.
Тој во петокот на 9-ти јануари уби четворица луѓе, а е одговорен и за убиството на полицајката еден ден порано, во јужниот дел на Париз.




