Published: Tuesday, January 13, 2015 09:11
Хакерска група, која тврди дека и припаѓа на џихадистичката организаиција Исламска држава, извршила упад во профилите на американската Централна воена команда на Блискиот Исток (Центком) на Твитер и Ју Тјуб.
Поради нападот, неколку часа беа суспендирани страниците на Командата на Твитер и Ју Тјуб.
Подоцна, страницата на Централната команда на Твитер, одново беше видлива, но и натаму остана неактивирана.
По нападот групата објави доверливи документи на американската армија, вклучително лични адреси на офицери.
Хакерите испратија порака со предупредување до американските сили. – Американски војници, ние доаѓаме, затоа чувајте си го грбот, се вели во оваа порака.
Во другата порака, џихадистичките хакери го величаат Алах.




