Францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо стигна во киосците точно на време во среда наутро, една недела од денот кога терористите ги нападнаа канцелариите и убија 12 луѓе- од нив, едни од најславните карикатуристи во светот.
Три милиони копии се очекува да се дистрибуираат во Франција и други земји, педесет пати поголем од типичниот неделен тираж на списанието на 60.000 примероци.
“Шарли има многу нови пријатели,” се вели во писмото во новото издание.
Во писмото се заблагодаруваат на “милионите поддржувачи “, кои се навистина на наша страна, кои искрено и длабоко ‘се Шарли'”,за повикувањето “Јас сум Шарли”, слоган, кој сега е сеприсутен во францускиот главен град.
Една од карикатурите во ова ново издание вели “Бидете мирни и Шарли продолжува” еден вид британски риф кој вели: “Бидете мирни и продолжете”




