Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“ почнува викендов

0
By Marija Todorovska on March 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2024 11:09

Со новиот, уникатен и несекојдневен огнен спектакл и маскенбал „Сусурига 2024“, што привлече меѓународен интерес за учество, викендов почнува програмата на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

– „Сусурига 2024“ ќе се одржи на градскиот плоштад во Крива Паланка в сабота, 16 март, со почеток во 18 часот, во пресрет на христијанскиот празник Прочка и ќе донесе атрактивна програма за македонската публика, информираат организаторите.

Најавено е учество на „Џоломарите“ од село Манастирец, Росоман, „Бамбурци“ од беровското село Ратево, „Кулери“ од село Пиперки Чифлик, Ќустендил, Република Бугарија и огнено и светлечко шоу „Паљачи“ за комплетна забава на публиката.

Со концертот на популарната македонска музичка дива Каролина Гочева, албумот „Македонско девојче“ и настап на Никола Мицевски, на 23 март ќе се организира и свечено отворање на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“.

Во неделата, на 24 март 2024 година, со традиционалната манифестација „Невестинско поклонение на свети Теодор Тирон“, уникатна манифестација што ја негува традицијата од кривопаланечкиот крај и село Конопница, се заокружува мартовската програма.

Организаторите: Општина Крива Паланка, Национална установа Центар за култура и Локална установа Градски музеј Крива Паланка ја покануваат публиката од државата и регионот да бидат гости на градот и да уживаат во богатата и разновидна програма за сите генерации, со која, Крива Паланка како град на културата нуди култура за сите.
Во реализација на целокупната програма, организаторите иницираат и мисија за купување на концертен клавир за градот на културата, што ќе се реализира со издвојување средства од продажба на билетите од настаните.

Град на културата 2024 Каролина Гочева Крива Паланка сусурига
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.