Published: Wednesday, January 14, 2015 21:49
Сингапурската морнарица го пронајде трупот на авионот на „Ер Азија“ што се сруши во Јаванско море минатиот месец.
Оваа информација ја потврдил и сингапурскиот министер за одбрана Нг Енг Хен кој на својот фејсбук-профил објавил фотографија направена под вода од која се гледа дека трупот што е пронајден во морето му припаѓа на летот со кој паднаа 162 – та патници, од кои до сега извлечени се само 48.

Властите веруваат дека причина за несреќата е тоа што пилотите се обиделе да избегнат невреме спуштајќи го авионот. Најдени се и црните кутии од авионот, во кои се наоѓаат снимките со информации за летот и комуникацијата во кабината.



