Сопругата на Саид Куаши, и роднините на браќата кои го извршија масакарот во редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во кој загинаа 12 луѓе, велат никогаш не давале знаци на екстремизам кои би покажале дека тие се способни да извршат таков напад.
Тие за американски ABC, велат за нападите слушнале преку медиумите и биле во шок, бидејќи не биле запознаени дека барем едниот од нив е поврзан со Ал Каеда.
– Нејзиниот живот (сопругата на Саид) се сруши, вели адвокатот Антоан Фласакие. Кога таа слушна со сигурност дека се работи за нив двајца, беше тотално шокирана, изјави адвокатот, пренесува ABC.
Саид Куаши и неговата сопруга се венчале под религиозна церемонија во 2007 година, и потоа под граѓанска церемонија во 2012. Тие имаат 2-годишен син,
– Тој ја бакнал и заминал, објаснува Фласакие за утрото пред да се случат нападите врз мазагинот. „Таа мисли дека нешто се случило кога излегол или кога се сретнал со неговиот брат, бидејќи се уште не може да разбере“.
Според адвокатот на семејството на убијците, таа не негира дека тој учествувал во масакарот, но не можела да разбере како тој би можел да убива, и тоа новинари.
Помладиот од браќата, Шариф (32), порано бил верен, а фамилијата на девојката со која тој бил во врска, никогаш не знаела дека истата година кога нивната ќерка се верила со Шариф, тој излегол од затвор.
– Облекуваше патики и тренерки, играше фудбал, играше видеоигри, и никогаш не разговараше специфично за религија, објаснува таткото на девојката со која помладиот од браќата Куаши бил верен.




