Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историски, политички и биолошки ревизионизам: Крајот на Македонија!

0
By Marta Pesevska on March 17, 2024 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 17, 2024 10:43

 БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

FRONTLINE

Лудите концепти на вмро-дпмне и на нивната кандидатката ме натераа да се навратам на идеите за Дарвин како алтернатива на Хегел.

Хегелијанизмот, како што е познато, подразбира дека биолошкото и историското се два рзлични процеса. Но, Енцесбергер, а и некои други умни луѓе, се прашуваа што ако историјата се одвива природно. Ако е некој вид на еволуција, која не може да се предвиди. Ако е резултат на борби и прилагодувања, на метаморфози и премини во повисоки категории. Со тоа што некои видови остануваат на гранката додека гледаат како комшијата им останува без опашка, се симнува на земјата и станува човек.

Ако сега ги поништиме сите акти кои во таборот на опозицијата (Марјан Ѓорчев) ги сметаат за акти кои го понижиле македонскиот народ, значи таму некаде од самите почетоци на осамостојувањето кога се направија првите промени за да се задоволат барањата на Грција, па да Рамковниот договор, Преспа и Договорот со Бугарија односно преговарачката рамка, дали ние само физички и политички ќе поништиме триесет у кусур години развој за да ја ослободиме ливадата за нова држава или и биолошки ќе мораме да регресираме, можеби не во мајмуни, но сепак, во едно еволутивно скалило подолу?

Јас мислам – да!

Триесет години се ништо за еволуцијата, но со испаѓањето од Европа и враќањето назад, можеби и до ревизија на АСНОМ од кој според некои вморонски толкувања почнало понижувањето на македонскиот народ, значи од самото формирање на државата на едно мало парче од целокупна Македонија, јас верувам дека макар со газот ќе излеземе од зоната на хомо сапиенсот, крзното од срамните предели ќе ни се прошири на целото тело, ноктите ќе се вратат во блага форма на канџи, а палецот ќе се врати од опозиција на нивото на другите прсти како власт на вмро-дпмне и Гордана како шеф на планетата на мајмуните. Оти тоа враќање триесет или цели осумдесет години, во реалноста нема да бидат толку, брзината со која оди напред светот ќе го направи тоа заостанување илјадагодишно, а тоа е сосема доволно време за да се вратиме во стабилната позиција на четвороножјето.

Се заебавам, но не сосема.

Не знам како поинаку да се претстави неверојатната лудост со која еден огромен напредок се прогласува за понижување, а потоа од тој став се извлекува заклучок дека сѐ што го понижило тој народ, на чело со државата, треба да се урне без пардон.

Каков церебрален џогинг ме е потребен?

Има многу нешта од кои мораме да се откажеме или работи што ќе ни бидат одземени за да направиме држава која може да се развива и да го следи во тој поглед светот.

Тоа не е понижување туку хармонизирање со себе и со светот. Неспоредливо повеќе добиваме отколку што даваме или ни земаат.

Тоа е закон и пракса кај сите држави. Ниту една држава не е замрзната во својот статус од пред педесет или сто години. Македонската етничка компонента поради ниската политичка култура, опортунизмот на елитите и фрустрациите на народот одбиваше тие прилагодувања да ги прави како резултат на својата визија затоа што визија немаше, па ги доби како резултат на интервенции, делумно затоа што тоа беа европски и светски стандарди, а делумно затоа што, меѓу другото и поради својата инертност и фосилно разбирање на националната кауза, ја загуби моќта да ја уредува државата по свое. А порасна моќта на тие кои се бореа за рамноправност врз основа на својата позиција и своите капацитети. Албанците, на пример. Никој ништо не ви зел, драги Македонци, туку си го добил тоа што му следува. Што за Македонците е добро затоа што опстанокот на државата нема основи во нејзината длабока и славна историја, како што нам ни се чини, туку само во интересите на нејзините народи. При што, тоа е прилично апсурдно, најмалку се важни интересите на Македонците да ги исправаат изворите на своите понижувања.

Тоа е, браќа и сестри.

Ако вие ги прогласите ревизионистите за победници на претстојните избори, нема да загубиме десет години, туку ќе ги загубиме сите години. На деветти мај денот на победата ќе можеме да го прогласиме дефинитивниот пораз на Македонија, капитулацијата пред себе, крајот на симпатичниот национален и државен проект, бидејќи вие тоа го баравте.

Мериен Мур рекла: „Кога од она на што се надевавме не испадна ништо, живнавме.“

Хахаха!

Дури и пропаста на едно национално и државно прашање не мора да биде толку лоша работа: Бившите робови на тој проект ќе можат да живнат.

Ќе можеме да ја надоградиме Дишановата уживанција: тотално ослободен човек, на кој не му е повеќе потребно да има кариера, да гради репутација, да стекнува моќ… и да се бори за националните интереси на својот народ и неговиот идентитет (Тричковски).

Замислете ја вие таа слобода.

Јас ги имам сите елементи на Дишан, но ми фали Тричковски и неговото Ослободување од  Македонија. Таа ме заебава зашто ме ангажира и ме лаже дека нешто можам да спасам.

А можеби и не ме лаже.

Опуштете се: нема скусен пат до трагедијата!

На неоволчениот шарпланинец во мантија, на архиебископот на ШПЦ сакам да му порачам: Бог може да прости, но не ослободува!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.