Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Изборите во Русија се одржаа под зголемена репресија и со ограничен пристап до информации

0
By Ана Василевска on March 18, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Избори во Русија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 18, 2024 12:25

Претседателските избори што ги организираше Русија од 15 до 17 март се одржаа во многу рестриктивен амбиент, влошено и од илегалната агресија врз Украина, при што руските власти продолжија да ја зголемуваат систематската внатрешна репресија со сузбивање на опозициските политичари, граѓанските организации, независните медиуми и другите критички гласови со користење на репресивно законодавство и политички мотивирани затворски казни, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во писмена изјава во врска со руските претседателски избори

– Шокантната смрт на опозицискиот политичар Алексеј Навални во пресрет на изборите е уште еден знак за забрзана и систематска репресија. Изборите се одржаа во политички простор кој постојано се стеснува, што резултираше со алармантно зголемување на кршењето на граѓанските и политичките права и спречи многу кандидати да се кандидираат, вклучително и сите оние кои се противат на илегалната војна за агресија на Русија, ги лиши руските гласачи од вистински избор и силно го ограничен нивниот пристап до точни информации. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува важната работа на руските граѓански организации, бранителите на човековите права и независните медиуми, наведува Борел.

Тој натаму потенцира дека ЕУ изразува жалење поради одлуката на руските власти да не поканат набљудувачи на изборите од ОБСЕ/ОДИХР, што, според него, е во спротивност на руските обврски кон Организацијата и ги ускрати на руските гласачи и институции од непристрасна и независна проценка на овие избори.

– Понатаму, Европската Унија силно го осудува незаконското одржување на т.н. „избори“ на териториите на Украина кои Русија привремено ги окупираше: Автономна Република Крим и градот Севастопол, како и во делови од регионите на Донецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Т.н. „избори“ на овие територии претставуваат уште едно очигледно кршење на меѓународното право од страна на Русија, вклучително и Повелбата на ОН, како и на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, наведува Борел.

Високиот претставник на ЕУ нагласува и дека Унијата ја повикува Русија да ги почитува меѓународно признатите граници и суверенитет на Украина, потврдени и со двете резолуции на ОН од 12 октомври 2022 година и 27 март 2014 година.

– Европската Унија повторува дека не го признава и никогаш нема да го признае одржувањето на овие т.н. „избори“ на териториите на Украина, ниту нивните резултати. Тие се ништовни и не можат да произведат никакво правно дејство. Политичкото раководство на Русија и оние кои се вклучени во нивното организирање ќе се соочат со последиците од овие незаконски дејствија, потенцира Борел.

Тој нагласува и дека ЕУ ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

– Русија мора да ја прекине својата нелегална агресивна војна против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите вооружени сили и опрема од целата украинска територија, додава Борел во писмената изјава по повод претседателските избори во Русија.

Жозеп Борел Избори во Русија Политичка репресија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.