Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко пристигна во Скопје

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2024 16:50

Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко во својство на Надворешен советник за спорт на украинскиот претседател Володимир Зеленски, попладнево пристигна во Скопје, каде присуствува на дуелот помеѓу македонската и украинската машка фудбалска репрезентација до 19 години.

 

Шевченко е поранешен украински фудбалер кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Во 2004 година беше награден со престижната Златна топка. Во својата кариера бил играч на Динамо Кијив, Милан и Челси, како и на украинската репрезентација.

Познат бил како фудбалер со неверојатен инстинкт за постигнување голови, бидејќи моментално е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, со дадени 59 голови, веднаш зад Раул (77) и Филипо Инзаги (70). Исто така важи и за трофеен спортист, а како негови најголеми дострели се сметаат титулата со Милан во Лигата на шампионите (сезона 2002/2003) и Скудетото во Серија А (2003/2004). На репрезентативен план, под водство на тренерот Олег Блохин, успеал со Украина да влезе во четвртфиналето на Светското првенство 2006 год, каде загубиле од подоцнежниот првак Италија.

На 28 јули 2012 г. се повлекол од активното играње фудбал. Неговиот последен натпревар бил на Евро 2012, каде Украина биле домаќини, и тоа против фудбалската репрезентација на Англија. Последниот клуб во кој настапувал бил Динамо Кијив.

Дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Украина до 19 години, го стартува квалификацискиот турнир од елитната рунда во обид да се избори настап на Европското првенство, чиј домаќин од 15 до 25 јули ќе биде Северна Ирска.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски се дел од групата 7 во која за противници ќе ги имаат селекциите на Швајцарија, Украина и Латвија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Во вториот дуел од воведното коло во квалификациската група 7, на стадионот на Македонија Ѓорче Петров ќе играат Швајцарија и Латвија.

Македонските фудбалери во второто коло в сабота во истиот термин во комплексот „Петар Милошевски“ ќе играат против Швајцарија, а во последното коло на 26 март за противник ќе ја имаат Латвија.

Ј. Ѓ. / ФРОНТЛАЈН

Фото: Атанас Петровски / Цивил Медиа

Андриј Шевченко Златна топка Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.