Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални медумски информации, тамошната полиција имала индиции кои истрагата ја одвеле надвор од местото на исчезнувањето на девојчето и кон тие траги е упатена истрагата и полициските единици.