НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ИКС: Политичките актери се најголеми сејачи на токсични наративи

0
By Marija Todorovska on March 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со наближувањето на изборите се зголемува интензитетот на комуникацијата на политичките актери. Тие продолжуваат да бидат главен извор на штетни наративи при што зачестено користат остар јазик со емотивен набој во комуникацијата преку партиските веб-страници и фејсбук-профилите. Се користат непроверени податоци, селективно се презентираат информации, со што се оневозможува јавноста да добие целосна слика за работењето на политичките субјекти и не може да донесе информирана одлука, особено кога станува збор за изборните процеси.

Ова е оценката од третиот  извештај во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии (ИКС), во кој се сублимирани податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери и нивното пренесување во медиумите во јануари и февруари 2024 година, во кои се идентификувани штетни наративи.

– Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи (Прва е ВМРО-ДПМНЕ, а потоа  СДСМ), па нив доминантно ги има и во медиумите. Покрај тоа што се почесто се изнесуваат непоткрепени обвинувања кон политичките опоненти има и зачестена појава на популистички дискурс и зачестени етноцентристички наративи. Ова е забележително особено кај партиите на Албанците, кои посегнуваат по реторика за величање на националната припадност и инсистирање на етничка персонализација на првите функции (премиер и претседател на државата). Заштитата на националните интереси на Албанците во државава е во фокус на промоцијата на сопствените идеологии во штетните објави на ДУИ, Европскиот сојуз за промени и Алијанса на Албанците. Исто така, политичките актери сè почесто меѓусебно непоткрепено се обвинуваат дека водат политики под „странско влијание“, стои во извештајот.

Според ИКС, загрижува фактот за зачестените критики на влијателните политички актери (и од поранешниот премиер и од лидерот на опозицијата) кон медиумите, со што се поттикнува клима за недоверба кон медиумските работници и нарушување на слободата на изразување.

Во јануари и февруари има раст на објавите со штетни наративи кај медиумите и рекорден број објави со штетна содржина кај онлајн медиумите. Како и претходно, во најголемиот број случаи, штетните наративи се „произведени“ од политичките актери, а не од новинарите. И во овој период доминира практиката некритички и еднострано да се пренесуваат непроверените наводи од политичките актери, најчесто во форма на целосно пренесени партиски соопштенија и говори на политичари.

– Позитивно во овие два месеци е што во речиси сите анализирани ТВ прилози ниту еднаш не е забележан говор со којшто се навредува одредена група или, пак, се оправдува говор на омраза кон одредена група. Исто така, кај одредени медиуми има тренд на намалување на бројот на прилози со штетни наративи во однос на претходните четири месеци од мониторингот, с енотира во извештајот.

Истражувањето ШТЕТ-НА, ИКС го спроведува со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и медиумите. Предмет на мониторинг се 10-те политички партии и нивните лидери чии партии бројат најмалку двајца пратеници во парламентарниот состав 2020 – 2024 година, како и фејсбук-комуникацијата на членовите на Владата на РСМ. Кај медиумскиот мониторинг се следат 11 онлајн-медиуми и 9 телевизиски станици.

Ова истражување се реализира во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија: Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

британска амбасада ИКС истражување Политички наративи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.