Ерол Ризаов: …По ова сместување во втората класа на платформата на Бугарите, мислам дека сепак Никола Груевски нема да го тужи својот намесник Христијан Мицкоски за плагијат, во замена за безбедно враќање во татковината со подготвеност да се откаже од враќање и на политичката сцена. Нема да биде наивен како брат Љубе Бошковски, кој го дочека со зурли, тапани, леб и сол, како народен херој, но во своја слава, до моментот кога тој пројави политички амбиции за веднаш да заврши во затвор.
А, што се однесува до ветувањата, нема потреба од занесување – тие се дел од циркусот како и сите предизборни кампањи кога најмногу се лаже. Од милионите за култура со малку вложени пари може да се направи многу интересен документарен филм. … Линк