Брисел: Инспекторите на Европското јавно обвинителство ЕППО ја презедоа истрагата од белгиските обвинители, кои ја истражуваа Претсдетлката на ЕК Фон дер Лајен за „мешање во јавни функции, уништување на СМС-пораки, корупција и судир на интереси“, според правните документи во кои увид имал „Политико“ и портпаролот на обвинителството во Лиеж.
Истрагата првично беше отворена од белгиските власти во Лиеж на почетокот на 2023 година откако локалниот лобист Фредерик Балдан поднесе кривична пријава. Жалбата на Балдан се фокусира на наводна размена на СМС-пораки помеѓу Фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурле, пред најголемиот договор за вакцини на ЕУ во екот на пандемијата на коронавирусот, во таканаречената афера „Фајзергејт“.