По повеќе од две години од почетокот на руската агресија врз Украина, европските министри и меѓународни истражители денеска во Хаг ќе разговараат за напредокот во гонењето на воените злосторства во оваа земја.
Украина, нејзините сојузници и Европската комисија сакаат да се погрижат осомничените за воени злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата.
Ќе се постави и прашањето како Русија може да се гони за кривично дело агресија. За таа цел може да се формира специјален суд. На конференцијата ќе бидат регистрирани и првите барања за обештетување од страна на жртвите.
Домаќин на конференцијата е Холандија.
Генералниот обвинител Карим Кан веќе издаде четири меѓународни потерници за високо позиционирани Руси, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства.