НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајката на Данка Илиќ: Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг

0
By Marija Todorovska on April 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека српската јавност ги чека информациите од австриската полиција, а српската полицијата ги демантира тврдењата на поедини медиуми дека мајката на исчезнатата Данка Илиќ ги гуглала граничните премини на Србија со Романија, се огласи самата мајка Ивана Илиќ која порача деке и е многу тешко, да чека Ивана да се врати жива и дека со сопругот ќе одговори на сите глупости во медиумите кога се ќе се заврши.

Ивана за порталот Нова.рс наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни гласини за неа.

-Се држиме колку што можеме, само што побрзо да ја најдеме Данка. Чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и сопругот ќе се огласиме јавно, и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се огласуваме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг, рече разочараната Ивана.

Таа за Нова откри што се крие зад пишувањата на одредени таблоиди, дека со вештачењето на нејзиниот телефон е откриено дека ги пребарувала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.

-Телефонот беше на форензика, само ќе го кажам тоа. Ако е така, јас не би била мајка која го бара моето дете, мојот статус би бил поинаков. Само сакам Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за се, кажа Ивана за Нова.рс.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана кажа дека го гледала.

-Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не ми е дозволено да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека што побрзо ќе го гушнеме нашето дете, изјави мајката на исчезнатата Данка.

На прашањето дали се надева дека нејзиното дете е добро, Ивана рече дека не сака да верува во спротивно.

-Не сакам ни да размислувам за друга опција, заклучи Ивана.

Данка Илиќ на неполни две години исчезна минатата недела од имотот на семејството Драгомировиќ во улицата Војводе Радомира Путника во населбата Бањско Поље кај Бор. Мајката на Ивана дошла со тригодишниот син и ќерката која уште не наполнила две години, на имотот кој е прилично запуштен.

Во моментот кога отишла да му сипа вода на синчето, девојчето исчезнало.

Данка Илиќ Ивана Илиќ Нова рс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.