Гостивар: По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на аутизмот, во Гостивар беше организирана трибина на тема „Аутизам, достигнувањата, предизвиците и институциите“. Присутните зборуваа и за третманот на учениците со аутизам во образовните институции во општина Гостивар.
Ваљон Емини, претседател на здружението „Blue Puzzle“, рече дека од формирањето на Центарот за аутизам во Гостивар, тој функционира без никакви пречки и целосно деполитизиран. Покрај локалната самоуправа, центарот има институционална поддршка и од Министерството за образование и култура и многу приватни донатории и дека во моментов се опфатени 40 деца, а сите услуги се бесплатни.