Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во ненамерен израелски напад загинале невини луѓе во Газа. Станува збор за убиени седум лица што работеле за хуманитарната програма Светска централна кујна.
За жал, во последните 24 часа се случи трагичен инцидент, каде што нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа. Ова се случува во војна, ние проверуваме до крај, ние сме во контакт со владите и ќе направиме сè за да не се повтори ова, се обрати Нетанјаху во видео порака.
Во меѓувреме, Светската централна кујна WCK објави дека ги прекинува операциите во Газа по нападот, во кој загинаа седум нејзини работници.